EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ Економија НАСЛОВНА

Нова авиолинија Скопје-Женева три пати неделно

На Меѓународниот аеродром Скопје, попладне ќе се реализира првиот лет  на редовната авио линија Скопје-Женева, што ке биде одржувана три пати неделно. Оваа линија ќе ја опслужува британската нискобуџетната авиокомпанија „Изиџет“ со што и официјално влегува на македонскиот воздухопловен пазар.

Првите патници кои ќе слетаат на Скопскиот аеродром од Женева, во 15.03 чсот, ќе бидат поздравени од министерот за транспорт и врски Благој Бочварски и генералниот директор на ТАВ Македонија Метин Батак.

Со зимскиот распоред на летање, што стапи во сила на крајот на минатиот месец, покрај линијата Скопје-Женева на авиокомпанијата „Изиџет“,  предвидени се летови од Скопје и до Болоња, Торино и Билунд, што ќе ги реализира нискобуџетната компанија Визер, која исто така воведува нова линија и од Охридскиот аеродром до Фридрихсхафен.

Инаку, според податоците на ТАВ Македонија, од јануари до септември, двата македонски аеродрома, Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот Свети Апостол Павле Охрид, во екот на пандемијата, опслужиле вкупно 994.237 патници, што за 57 процентни повеќе во однос на ланската година.

 

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Лето е, а сакате убави и здрави нокти? Еве како да ги заштитите

Angela

Охриѓани претераа: Полнење телефон се наплатува и по 200 денари (фото)

Angela

ВЕЧЕРВА ПОГЛЕДНЕТЕ КОН НЕБОТО – првата среда по Велигден има посебна моќ, еве што треба да направите кога ќе се смрачи

Angela