EXCLUSIVE MK
Мобилни телефони НАСЛОВНА ТЕХНОЛОГИЈА

НОВА ОДЛУКА: Корисниците на Инстаграм ќе мора да гo потврдат својот датум на раѓање

Компанијата „Фејсбук“ соопшти дека најпопуларната социјална мрежа Инстаграм ќе започне да бара од корисниците да гo потврдат својот датум на раѓање, како дел од напорите да се создадат нови безбедносни одлики за младите луѓе.

Од таму велат дека Инстаграм работи на верзија на апликацијата за деца под 13-годишна возраст, а американските правници побараа од Фејсбук да ги отфрли тие планови, објаснувајќи дека постојат „јасни докази дека не успеале да ги заштитат децата“ на своите платформи.

За ова, од компанијата објавија дека „ќе ги обезбедат вистинските искуства за правата возрасна група“.

Имено, кога отвораат профил на Инстаграм, сега корисниците ќе мора да го внесат и својот датум на раѓање, а промените ќе важат и за оние корисници кои претходно не споделиле датум на раѓање на поставките на профилот на Инстаграм.

Од компанијата велат дека се свесни за тоа дека некои корисници би можеле да внесат лажен датум на раѓање и затоа развиваат нови технологии за решавање на ваквите проблеми.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Некој сака да ми ја „скине“ главата: Дарко Лазиќ се огласи по скандалозната снимка од него

Angela

„На улица учиме, а под мост спиеме, борба за живот е…“

Angela

ТРАГЕДИЈА: Се удави 2-годишната ќерка на американски спортист

Angela