EXCLUSIVE MK
Црна хроника

НОВА ТРАГЕДИЈА ВО БИТОЛСКАТА БОЛНИЦА – бебе почина во стомакот на мајката, и дале да испие таблета за провокации, па ја пратиле дома!

Бебе вчера починало во стомакот на родилка од Битола откако ѝ била дадена таблета да го испровоцира породувањето, ама родилката била пратена дома од лекарот гинеколог кој бил дента на смена. Кога родилката се вратила ноќта на болница да раѓа веќе било доцна, дежурните лекари виделе дека бебето страда, по бојата и исцедокот на водењакот, се обиделе да ја породат родилката и да го реанимираат бебето, но му немало спас, дознава „Независен“ од болнички извори.

Директорот на битолската клиничка болница д-р Александар Обедниковски, во порака го потврдува случајот за „Независен“ , но не дава детали, туку само кажа дека денеска во 14 часот министерот за здравство д-р Фатмир Меџити доаѓа во посета на болницата.

Од Битолското обвинителство за „Независен“ го потврдуваат случајот и велат „во тек е обдукција да се утврдат причините за смртта. Чекаме известување, па во зависност од наодот ќе знаеме дали предметот ќе се префрли кај нас“.

Утрово лекарите од Гинекологија биле на состанок со директорот, кој пак им предочил дека ситуација е особено чувствителна, дотолку повеќе по смртта на малата Јана Христовска (6), која пред речиси 20 дена почина на Детското одделение откако прими инфузија и по смртта на 12-годишно момче од битолското село Лера.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Кумановец заработи кривична пријава за измама тешка половина милион денари

Angela

Поранешен осуденик активираше бомба во Основниот суд во Подгорица

Angela

Едно лице загина во сообраќајка кај Ранковце

Angela