EXCLUSIVE MK
Фудбал

Новинарот кој прв го најави трансферот на Алиоски: Договорот пропадна во последен час!

Педро Алмеида беше новинарот кој прв ја лиферуваше информацијата за преминот на Езџан Алиоски во Ал Ахли, но сега тој одново се јави со вест која открива дека преговорите сепак пропаднале во последен момент.

Како што тврди Алмеида, Алиоски сепак нема да заврши во Саудиска Арабија, откако клубот проценил дека неговите барања за плата се превисоки и за нив, откако истото претходно го објавија од Галатасарај.

– Алиоски ни побара 7,5 милиони евра за три сезони. Плус не е класичен лев бек. Одбив да го ангажираме, -изјави Терим пред дуелот со ПСВ во квалификациите за ЛШ.

Неколку часа по оваа изјава, пристигна и новата ексклузива на новинарот Алмеида, кој добил допис од Ал Ахли дека операцијата за двегодишен договор на крајот нема да се реализира.

– Договорот меѓу Алиоски и Ал Ахли е стопиран поради несогласувања околу предложената плата. Македонскиот фудбалер сакал 2,5 милиони евра по сезона за да потпише за клубот, – вели Алмеида.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

И Пандев се имунизираше

Angela

Братот на сопственикот на ПСЖ ги вжешти социјалните мрежи со објавата за Меси

Angela

Барселона и Дембеле се поблиску до договор

Angela