Во Албанија од денеска на сила стапуваат новите мерки против коронавиурсот. Владата на Албанија соопшти дека од денес ниту еден странски или албански државјанин не може да влезе во земјата без потврда за негативен тест за коронавирус или доказ за вакцинација.
Децата до шест години се ослобени од ваквите мерки, а правилата важат за сите патници кои се движат низ територијата на Албанија.
Доколку лицата ги немаат потребните документи при пристигнувањето во државата, ќе бидат ставени во десет дневен карантин.
Покрај ова, во Албанија е воведен полициски час од 23 часот до 6 наутро.