EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ Економија НАСЛОВНА

Нови цени на горивата

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 од полноќ се намалуваат за еден денара по литар, а на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемуваат за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе биде 72 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС -98 ќе се продава за 74, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) за 63, а Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) за 65 денари.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,599 и килограм ќе чини 39,780 денари.

РКЕ информира дела во изминатиот седумдневен период референтни цени на светските берзи во просек бележат намалување само кај бензинот за 3,175%, додека кај останатите е регистрирано зголемување и тоа кај дизелот за 1,873%, кај екстра лесното масло за 1,964% и кај мазутот за 1,141%.

Извор: МИА

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Загинаа 46 македонски државјани во пожар на автобус близу Перник, Бугарија

Angela

Три хороскопски знаци кои не знаат како да бидат сингл

Angela

Лавот да ги провери информациите кои ги добива, Близнаците окупирани со приватни обврски

Angela