EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ Македонија

Облачно и студено со повремен дожд

Времето ќе биде претежно облачно и студено со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 9 до 13 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје, времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне 11 степени.

И во следните денови ќе бидеме под влијание на влажна воздушна маса, времето ќе се задржи претежно облачно и студено со повремени врнежи од дожд. Врнежите повремено ќе бидат пообилни, на места со пороен карактер и проследени со засилен ветер, информираат од УХМР.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Во прекин сообраќајот на патот Велес-Градско поради сообраќајка

Angela

Рекордни температури во САД: Во Феникс измерени 46 степени

Angela

Научен симпозиум „150 години од раѓањето на Гоце Делчев“

Angela