EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Шоу биз

Оваа трагедија на пејачката Стоја ѝ го направи животот пеколен

Пејачката Стоја Новаковиќ пред својата успешна кариера имаше многу тежок живот и болно детство. Еднаш откри дека се омажила на 16 години, добила син на 17 години, а на 19 години се соочила со страшна трагедија.

-Се омажив многу млада, на 16 години, за човек кој го сакав неизмерно, како што тој ме сакаше мене. Го родив синот на 17 години, а набрзо почнав да настапувам со бенд, со согласност на мојот сопруг. Идилата траеше до 19 години, кога се случи таа несреќа, а потоа се тргна наопаку, изјави пејачката чиј сопруг починал многу млад.

-Цел ден, до доцна во ноќта, шетав низ селото, врескав и плачев на цел глас! Мислев дека нема да преживеам. Следните неколку месеци со син ми бевме кај другарка ми, со неа го делев последното кафе и последното парче леб. Секако, морав да продолжам да пеам по кафеани за моето дете да има што да јаде,  изјавила тогаш таа.

„Семејството на мојот сопруг никогаш не ме сакаше, им пречев од самиот почеток. Истиот ден кога мојот сопруг беше погребан, неговото семејство ме избрка мене и моето тригодишно дете на улица! Немав време ни да ги земам работите, си заминав без ништо“-раскажа таа.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Невеста во одело: Се омажи „Ѕвездата на Гранд“, а еве како изгледаше нејзината интимна венчавка (фото)

Angela

НАСА откри колку земјотреси констатирала мисијата на Марс

Angela

ФОТО: Анабела заврши во болница

Angela