EXCLUSIVE MK
ЗДРАВЈЕ Исхрана

Овој зеленчук е најкорисен на светот

Во народот се смета дека не постои нешто во организмот кое е нарушено, а цвеклото да не може да го доведе во ред.

Цвеклото денес се смета за еден од најкорисните и најлековити зеленчуци.

Цвеклото е богато со витамини и минерали, белковини, масти и јаглехидрати. Од минерали ги содржи речиси сите – калциум, калиум, натриум, фосфор, магнезиум, железо, флуор, манган, бакар, јод, литиум, бром…

Од витамини најприсутни се витамините В1, Б2, Ц, како и Б12. Црвената боја на цвеклото потекнува од антоцијанот кој влијае на обновување на крвта.

Цвеклото е значајно за регулирање на крвната слика. Покрај тоа, цвеклото го регенерира црниот дроб и ги чисти крвните садови. Редовното консумирање цвекло спречува да се губат минералите од коските, а воедно е добро и за превенција против атеросклероза.

Цвеклото има и добро дејство на имунитетот, па неговото консумирање се препорачува при грип, бронхитис, воспаление на белите дробови, болести на жолчката и желудникот.

Овој лековит зеленчук поволно влијае и на работата на нервите и мозокот.

Меѓутоа, тоа што малку се знае за цвеклото е тоа што ова растение е лековито во целост. Погрешно е да се користи само коренот од растението, а останатите делови да се фрлат затоа што и лисјата од цвеклото, налик на спанаќ, можат да се подготват како додаток во оброкот на ист начин како да подготвувате спанаќ.

Коренот од цвеклото сепак е најлековит, а поскап е во текот на есента. Тоа што е особено добро е дека цвеклото долго може да ја задржи својата свежина, доколку се чува на соодветен начин.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Појадок по рецепт на нутриционист – одличен за јакнење на имунитетот

Angela

МАФИНИ СО ЧОКОЛАДО: Се правaт за помалку од половина час

Angela

Одличен доматен сос, рецепт за зимница

Angela