EXCLUSIVE MK
ЗДРАВЈЕ Исхрана

Овој напиток докажано го намалува високиот холестерол

При високи вредности, лошиот (ЛДЛ) холестерол се акумулира во крвните садови, создавајќи масни наслаги.

Со текот на времето тие го отежнуваат протокот на крвта низ артериите, зголемувајќи го ризикот од срцев и мозочен удар и васкуларна деменција.

Здравата и урамнотежена исхрана со малку заситени масти им се препорачува на лицата со висок холестерол. Нутриционистите особено препорачуваат да го замените кравјото млеко со овесно за да го намалите нивото на лошиот холестерол во крвта.

Консумирајте до 3 шолји дневно

Истражувачите од Универзитетот во Лунд надгледувале 66 мажи со високо ниво на холестерол во период од 5 недели, кои пиеле овесно млеко. Наодите покажуваат дека консумирањето на 3 шолји (750 мл.) овесно млеко дневно во рок од 5 недели го намалува вкупниот и лошиот холестерол за 3 до 5 отсто.

Според Британската фондација за здравје на срцето, овесното млеко содржи овесни бета-глукани кои помагаат во одржување на нормалното ниво на холестерол. Чаша овесно млеко од 250 мл. обезбедува 1 гр. бета-глукан, а додека чинија каша со 40 гр. овес може да обезбеди 2 гр. бета-глукан.

Овесното млеко, кога е незасладено, може да биде одлична алтернатива за спречување или намалување на високиот холестерол бидејќи содржи протеини, но не и масти.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Напиток кој го решава проблемот со мрзливите црева

Angela

Што е тоа во стомакот? Тестот ѝ покажал дека е бремена, но не било така…

Angela

РЕЦЕПТ: Тестенини во сос од брокула

Angela