EXCLUSIVE MK
Исхрана НАСЛОВНА

Овој шејк треба да го пиете СЕКОЕ УТРО: Жените се колнат во неговите способности да го стопи целулитот!

Сега кога летото се ближи, сите бараме што побрзо да ја средиме нашата линија. Ако започнете на време со редовен тренинг и здрава исхрана, веројатно нема да ги имате овие проблеми, но доколку доцните, ова е вистинскиот пијалок за вас.

Овој антицелулитен шејк треба да го пиете секое утро неколку дена, а потоа да направите пауза. Ќе ви даде енергија, ќе го прочисти вашето тело, ќе го ослободи од вишокот вода и ќе ги ублажи „дупчињата“ на нозете.

Состојки:

вода
грст спанаќ
половина банана
половина портокал
неколку прстени ананас
малку цимет

Подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер и блендирајте додека не добиете испасирано смути.

Спанаќот е одличен извор на железо и влакна, го подобрува варењето и на тој начин ги исфрла сите токсини од вашето тело. Портокалите се богати со вода, витамин Ц, влакна и антиоксиданси и се добри за сјајна кожа.

Диуретичните својства на ананасот ќе помогнат во борбата против задржувањето на течности во телото, тој содржи антиоксиданси кои прават кожата да изгледа здрава и затегната.

Бананите се полни со калиум и се добар извор на витамин Б6 и диетални влакна, витамин Ц и манган. Помага и против задржување на течности во телото.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Зошто цената на струјата во Европа е на рекордно ниво?

Angela

Роналдо по дебаклот: Навивачите заслужуваат подобро од ова

Angela

Овошје кое го подобрува варењето, го хидрира телото, ја одржува меморијата

Angela