EXCLUSIVE MK
ЗАБАВА Занимливости

Одите во тоалет „за секој случај“?

Пред да излезете од дома, уринирате „за секој случај“? Еве зошто не би требало да го правите тоа.

Многу луѓе често одат во тоалет бидејќи мислат дека е подобро да уринираат пред да излезат од дома, вели докторката специјализирана за функционирање на мочниот меур и цревата д-р Дајен Вутон.

Таа нагласува дека „за секој случај“ уринирањето може да ви нанесе повеќе штета отколку корист.

„Тоа значи дека мочниот меур никогаш нема да се наполни до нормалното ниво – повеќе од 200 милилитри – бидејќи често го празните. Ако не се растегне со полнење, мочниот меур со тек на време ќе ослаби, што значи дека ќе морате да уринирате почесто. Еднаш имав пациент кој мораше да уринира 22 пати на ден, токму поради таа навика“.

Докотрката додава дека луѓето кои инаку често мократ, пробуваат да го решат тој проблем така што ќе внесуваат помалку вода, но д-р Вутон вели дека и тоа е грешка.

„Ако не внесувате доволно вода, урината станува силна, има повеќе киселини и го иритира мочниот меур, па ќе морате почесто да уринирате“.

Значи, нејзиниот совет е да внесете доста вода, но и да не уринирате „за секој случај“, туку да одите во ВЦ тогаш кога навистина имате потреба.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Светска потрага по изгубената гитара на Пол Меккартни

Angela

3-те најчести причини поради кои мажите изневеруваат

Angela

Кралот Чарлс го одбра официјалното јадење за крунисувањето

Angela