Одличен доматен сос, рецепт за зимница.
СОСТОЈКИ:
- 2 кг домати
- 2 лажички шеќер
- 2 лажички сол
- малку свеж босилек
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
- Доматите засечете ги, па спуштајте прво во врелавода на 30 секунди, потоа од врелата во ладна вода на 30 секунди. Со оваа постапка доматите убаво ќе се излупат од кожата
- Излупете ги доматите и сечете ги на половини или четвртини. Редете во стерилизирани тегли, и додајте листови босилек по желба и вкус. Добро затворете. Потоа гответе во вода 35-40 минути. Оставете да се изладат, најдобро преку ноќ.
Уживајте!