EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ Македонија

Одложени активностите во Собранието поради автобуската несреќа во Бугарија

Поради автобуската несреќа што се случи ноќеска на автопатот „Струма” во Бугарија, во која 46 луѓе ги загубија животите, денеска се одложени сите активности во Собранието. Одложени се и сите планирани средби.

Како што информира собраниската прес-служба, само Националниот совет за евроинтеграции ќе ја одржи третата седница. Извештајот на Европската комисија за Република Северна Македонија за 2021 година е единствена точка на дневен ред на седницата.

Од собраниската прес-служба додаваат дека Националниот совет за евроинтеграции ќе заседава бидејќи веќе се дојдени амбасадорите, но ќе бидат многу редуцирани за збор. Се очекува седницата да трае кратко.

Претседателот на Собранието Талат Џафери изрази сочувство лично и од име на пратениците за трагично загинатите лица во автобуската несреќа што се случи во Бугарија, со надеж и верба, како што стои во телеграмата, дека никогаш повеќе нема да бидеме сведоци на ваков трагичен чин и нема да дочекаме ваков тажен ден.

На патниците кои успеаја да се спасат од оваа несреќа, им посакува брзо заздравување на физичката и на душевната болка.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Денеска сончево и топло – еве какво време не очекува за време на викендот, особено прочитајте што не очекува во недела!

Angela

Променливо облачно и потопло време

Angela

191 санкции за брзо возење на автопат Куманово – Скопје – Велес

Angela