EXCLUSIVE MK
ЗДРАВЈЕ Исхрана НАСЛОВНА

Омилена храна на светските лидери

Човечките навики во исхраната може да покажат склоност кон луксуз, екстраваганција или пак, обратно – едноставност, приземност и скромност. Некои пак, одат и до крајности, пишува египетскиот портал „Нунпост“ (NoonPost).

Ова важи и за лидерите на државите ширум светот. Интересот за проучување на исхраната низ историјата, може да даде јасна претстава за развојот на цивилизацијата во општествена и културна смисла, за вкусовите на кралевите, царевите и султаните и промените, при што јавните гозби станаа достапни за поширок круг луѓе кои сепак, како елита, почитуваат хигиена, бонтон и протоколи. Покрај тоа, лидерите станаа повнимателни од кога било, поради стравот од труење или болести. Оброците на современите шефови на држави понекогаш се и строго тајни од причини околу личната, но и националната и светската безбедност и мир.

Меѓутоа, велат – ниедна тајна не е вечна… Од говедска глава, којашто ја претпочитал Жак Ширак, до омилениот сладолед од ф’стаци на Владимир Путин – сѐ тоа останува исклучително чувствителна тема во круговите на моќ. Така, прашан за Ангела Меркел и нејзините омилени јадења, готвачот на канцеларката во една прилика одговорил:

– Не можам да ви кажам што таа претпочита – инаку овие јадења би се готвеле насекаде низ светот. Инаку, познато е дека, наводно сака печива, како и супа од компири и зелка. Жил Брагар, претседател и основач на Францускиот клуб на готвачи, го коментираше прашањето околу француските лидери.

– Храната е многу чувствително прашање за власта. Францускиот претседател Шарл де Гол претпочитал грашок, што зборува за строгата природа на воениот водач, кој не поминувал многу време на масата.

Што се однесува до Франсоа Митеран, неговите навики во исхраната се измешани. Социјалистичкиот претседател сакал кавијар – буржоаски деликатес што беше во спротивност со идеологијата што тој јавно ја промовирал, раскажува Брагар.

Жак Ширак бил познат како гостопримлив домаќин кој на гостите им ги нуди омилените јадења. Сакал азиска кујна и нетрадиционални јадења, како говедска глава. Французите знаат и дека поранешниот претседател Франсоа Оланд не сакал артичока и аспарагус. И за поранешниот претседател Никола Саркози, Бернард Вакон, кој ја води кујната во Елисејската палата речиси 40 години, вели дека тој мразел артичока, но сакал чоколадо.

– …Беше познат и по тоа што не сака вино и сирење, а беше зависен од чоколадо. Саркози претпочиташе и обични салати, бело месо и секако – тестенините на неговата италијанска сопруга Карла Бруни, истакнува Вакон. Американските претседатели… Во 1990 година, републиканецот Џорџ Буш го забрани консумирањето брокула за време на ручек во Белата куќа, како и во просториите на Воздухопловните сили, па остана запаметен по неговата „славна“ изјава:

„Не сакам брокула, никогаш не ми се допаѓал овој зеленчук. Како мал, мајка ми ме хранеше со тоа. Сега сум претседател на САД и веќе нема да јадам брокула!”

Тоа пак, следствено ги поттикна земјоделците да испратат 10 тони зелјест зеленчук во Белата куќа во знак на протест. За разлика од Мишел Обама, која е поборничка против дебелината и за овошје, зеленчук и здрава исхрана, Барак Обама беше редовен посетител на рестораните за брза храна и е познат како љубител на мексиканското чили.

Русија Рускиот претседател Владимир Путин е познат по стравот од труење, па наводно, најмил човек со полно работно време, за да ги пробува јадењата приготвени за него. Со својата склоност кон сладолед од ф’стаци, инаку, и лете, и зиме во Русија, наводно, Путин останува „конзервативно доследен“ кон оваа слатка закуска. Британската кралица Елизабета Втора Кралицата го започнува денот со шолја зелен чај од нејзиниот омилен бренд – англиска компанија

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

НА ВЕЛИГДЕН ПРИКОВАН ЗА КРЕВЕТ – Дарко Лазиќ не може да стане, неговата девојка му ги преврзува раните (ФОТО)

Angela

Владата донесе одлука за прогласување кризна состојба во следните 30 дена во целата држава

Angela

Силен земјотрес синоќа го погоди Крагуевац

Angela