EXCLUSIVE MK
ЗАБАВА Занимливости

ОПКРУЖЕНИ СМЕ СО ЕНЕРГЕТСКИ ВАМПИРИ: Како против нив?

Која е вашата прва асоцијација на вампири? И дали некогаш сте слушнале за енергетски вампири? Ако се чувствувате уморни, исцрпени и без енергија по комуникацијата со некого, знајте дека сте биле во контакт токму со тој вампир. Истражувавме како тие влијаат на нашето здравје и како да се одбраниме.

„ЕНЕРГЕТСКИ ВАМПИР Е СЕКОЈ КОЈ ОЧЕКУВА ДРУГИТЕ ДА ГО ПОПОЛНАТ НИВНИОТ ВНАТРЕШЕН НЕДОСТАТОК НА ЧУВСТВО НА БЕЗБЕДНОСТ, СИГУРНОСТ ВО НИВНОТО БИТИЕ. СЕКОЈ ОД НАС БИЛ НЕЧИЈ ЕНЕРГЕТСКИ ВАМПИР ВО ОДРЕДЕН МОМЕНТ ОД ЖИВОТОТ“, ИЗЈАВИ ЗА ТВ ПРВА, ДИЈАНА ПАЛИЈА, УЧИТЕЛКА ПО ЈОГА. ТИЕ НЕ СЕ ЛЕСНО ДА СЕ ПРЕПОЗНААТ. ТОА СЕ ЛУЃЕ КОИ КОРИСТАТ СВЕСНИ ИЛИ НЕСВЕСНИ СТРАТЕГИИ ЗА ДА СТИГНАТ ДО ЦЕЛТА, А ДРУГАТА СТРАНА СЕ ЧУВСТВУВА ЛОШО, ИСПРАЗНЕТО И КАКО ДА НЕ НАПРАВИЛА НЕШТО КАКО ШТО ТРЕБА. „АКО СМЕ СВЕСНИ ДЕКА СМЕ НАПРАВИЛЕ СЕ ШТО МОЖЕМЕ И ДРУГИОТ ПРОДОЛЖУВА ДА СЕ ОДНЕСУВА ИЛИ ДА КОМУНИЦИРА НА ОДРЕДЕН НАЧИН КАДЕ ШТО НЕ СЕ ЧУВСТВУВАМЕ ДОБРО, ТОГАШ МОРА ДА РАЗБЕРЕМЕ ДЕКА МОЖЕБИ НЕ ЗАВИСИ ОД НАС“, ВЕЛИ ПРОФ. Д-Р АЛЕКСАНДРА ЃУРИЌ, ПСИХОТЕРАПЕВТ.

Постојат неколку начини да се справите со енергетските вампири.

„ПОСТОЈАТ НАЧИНИ НА КОИ МОЖЕМЕ ДА СЕ ЗАШТИТИМЕ, А ТОА Е ДА НЕ ГО СФАЌАМЕ ТОА ЛИЧНО, ОДНОСНО ДА ГИ ИЗГРАДИМЕ НАШИТЕ ВНАТРЕШНИ ОДБРАНБЕНИ МЕХАНИЗМИ“, ВЕЛИ ПСИХОТЕРАПЕВТОТ АЛЕКСАНДРА ЃУРИЌ.

Исто така во одбраната можат да помогнат, психотерапијата и јогата.

„ДЕФИНИТИВНО БИ ЈА СПОМНАЛА ЈОГАТА КАКО ИДЕАЛЕН НАЧИН ЗА ОДБРАНА ОД ОВИЕ ЕНЕРГЕТСКИ ВАМПИРИ БИДЕЈЌИ ЈОГАТА Е ЕДНА СЕОПФАТНА ЦЕЛИНА КОЈА НАВИСТИНА ДЕЛУВА НА НАШАТА СЕВКУПНОСТ, ШТО ЗНАЧИ НА НАШИОТ УМ, ТЕЛО И ДУХ“, ВЕЛИ ДИЈАНА ПАЛИЈА, УЧИТЕЛКА ПО ЈОГА.

Факт е дека не можеме да промениме друга личност, но од нас зависи дали ќе дозволиме да бидеме жртва на енергетски вампир. Она што можеме да го направиме е да ги промениме луѓето со кои комуницираме и да излеземе од врската која не исцрпува.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Месечен хороскоп за септември

Angela

Жешка секс поза која на девојките им овозможува неверојатен оргазам

Angela

Зошто мажите се плашат од обврзување?

Angela