EXCLUSIVE MK
Македонија НАСЛОВНА

Османи: Има можности за решавање на спорот со Бугарија до крајот на годината

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оцени дека постојат сериозни можности за решение на спорот со Бугарија до крајот на годината. Шефот на дипломатијата нагласи дека клучно ќе биде дали ќе има страна во Бугарија која ќе разговара во однос на овие прашања.

„Сметам дека има сериозни прозорци на можност за решавање на спорот до крајот на оваа година и сите се ангажирани. Прозорците се пред и по нашите избори, септември, октомври и декември, и мислиме дека постои шанса да се најде решение. Сепак, не сакам да се врзуваме со датуми поради тоа што општеството живее со тие рокови и со тие надежи и фрустрации на датуми и рокови“, изјави Османи.

Министерот посочи дека во моментов е важно да се формираат институциите во Бугарија за да може да имаме дијалог којшто ќе произведе резултати.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Никогаш нема да поверувате дека таа и е сестра – оваа жена е повлечена од јавниот живот, а и е сестра на Јелена Розга (ФОТО)

Angela

Тестирајте го видот: Колку брзо можете да ги забележите сите 8 разлики помеѓу овие две илустрации?

Angela

МЗ: Нема повредени со изгореници во пожарот кај Кочани

Angela