EXCLUSIVE MK
Љубов и интима

Особини кои ги имаат луѓето кои се добри во кревет

Колку често водиме љубов има врска и со тоа какви луѓе сме, а ново истражување откри дека луѓето кои имаат две одредени карактерни црти имаат и најбогат сексуален живот.

Во истражување објавено во The British Journal of Psychology учествувале испитаници без љубовни партнери, 192 слободни жени и 105 мажи без партнерки.

Учесниците морале да одговорат на низа тестови за да се открие поврзаноста меѓу алтруизам, односно однесување чија цел е да се помогне некому без да се очекува некаква награда за возврат, со тоа колку некој има успех во љубовта, односно врските и сексуалниот живот.

Истражувањето откри дека добрите и несебичните луѓе имаат најбогат сексуален живот, односно водат љубов почесто од другите и се најмногу задоволни од сексуалниот живот. Кај машките испитаници, тоа вклучува и поголем број на партнерки за секс без обврски.

Студијата не даде одговор на тоа што ги мотивира испитаниците да им помагаат на другите, но добиените резултати се уште еден доказ дека добрината и несебичноста секогаш се привлечни особини и во сексуална смисла.

Тоа, велат експертите, е видливо и од минатото низ историјата, попрецизно од времето кога мажите кои ловеле храна и пленот великодушно го делеле со жените од целото племе биле најпривлечни за животни партнери.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Мажите родени во овие хороскопски знаци се најдобрите љубовници

Angela

Жените родени во овој хороскопски знак се нескротливи

Angela

Како да си ја зголемите желбата за секс?

Angela