EXCLUSIVE MK
Медицина

ОСТАВЕТЕ ГИ ЦИГАРИТЕ ЗАСЕКОГАШ со помош на овие намирници

Дали ви е мачно од цигарите и многу кашлате? На самиот почеток, најдобро би било да ги исчистите белите дробови на природен начин, без хемиски препарати.

Цигарите содржат над четири илјади отрови, а голем број состојки се идентични со оние што се наоѓаат во токсичните депонии. Оваа примамлива навика, во која уживаат милиони, остава тешки траги во белите дробови, каде што, меѓу другите отрови, се депонираат и најопасните: катран и никотин.

Пушачите треба да посветат посебно внимание на нивното тело и правилна исхрана. Во природата, постојат намирници кои помагаат да се исфрлат токсините од телото. Меѓу намирниците што ги чистат белите дробови, овие се најмоќните.

СЕЛЕН

Исклучително силен антиоксиданс што може да се најде во бразилските ореви, туна и бакалар, но и во лосос.

ЃУМБИР

Покрај бројните лековити својства, овој навистина чудесен корен успешно ги чисти белите дробови од насобраните токсини. Можете да го користите како додаток на сите варени јадења, како зачин или како чај, неколку пати на ден.

ЛУК

Познат е како еден од најсилните природни антибиотици, со моќен антиканцероген ефект, кој исто така спречува формирање на нови канцерогени клетки.

ЛУТА ПИПЕРКА

Таа помага да се разложи вишокот слуз во организмот, вклучувајќи ги и белите дробови. Токму кога консумирате силна, зачинета храна, можете да забележите дека вашиот нос „тече“.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Пробиотици – превентива и терапевтски избор при летни цревни инфекции

Angela

Светскиот ден на здравјето – 7 април

Angela

Колку висока температура може да издржи човечкото тело?

Angela