Остров направен само од песок во Дубаи, на кој нема ништо друго, освен што е само во облик на морско коњче е продаден за 30 милиони евра.
Џумеира Беј во Дубаи има површина од околу 2.000 квадратни метри и служи само како песочна плажа.
Ендрју Камингс, раководител на агенцијата за недвижности „Најт Френк“ во Дубаи, изјави дека со продажбата на вештачкиот остров, поврзан со мост до брегот, е урнат рекордот
– Тоа се 125 милиони (дирхами) за песок… Досега во медиумите се споменуваше продажба на спектакуларни вили и неверојатни пентхауси, но ова е навистина голем рекорд за парцела, вели тој.
Заработката е околу 21 милион евра. Станува збор за препродажба, а претходникот за овој остров платил „само“ 9 милиони евра.
Новиот сопственик, кој не живее во Обединетите Арапски Емирати, наводно планира изградба на семејна викендичка.