EXCLUSIVE MK
ЗАБАВА Занимливости

Осум причини зошто само силните плачат!

Акумулираниот стрес доведува до оптеретување и здравствени проблеми, како што се зголемен ризик од срцев удар, анксиозност и висок крвен притисок.

Луѓето кои често плачат се карактеризираат како премногу чувствителни. И иако некои може да сметаат дека е вистина, во реалноста, луѓето кои не се двоумат да пуштат солза, всушност, ги сфаќаат работите на смислен начин.

Психолозите наведуваат добри причини зошто луѓето кои често плачат се всушност психички посилни.

  1. Тие се поздрави

Сузбивањето на емоциите никогаш не е здраво. Во реалноста, акумулираниот стрес доведува до оптеретување – од здравствени проблеми, како што е зголемен ризик од срцев удар, анксиозност и висок крвен притисок.

Истражувачите од Универзитетот во Јужна Флорида додадоа дека плачењето е начин да се опоравиме физички и психички.

Кога станува збор за грижа за нивното ментално и физичко здравје, луѓето кои плачат често имаат вистински идеи.

  1. Тие се посреќни

Честа заблуда е дека луѓето кои често плачат се најтажните луѓе. Напротив, плачењето го подобрува расположението.

Во студија спроведена од Фреј, 88,8 проценти од испитаниците откриле дека се подобро расположени по плачењето.

Плачењето овозможува емоционално олеснување што ни овозможува да се ослободиме од тагата. Сите ние имаме причина да плачеме во одреден момент од животот, а оние што го дозволуваат тоа, можат да ја решат својата болка и да гледаат во посветла иднина.

  1. Тие се похрабри

Без разлика дали верувате дека ранливоста е јака или слаба страна, тоа е несомнено предизвик. Само храбра личност може да им ги покаже своите чувства на другите луѓе.

Оние кои плачат се изложени на ризик од осуда, недоразбирање и омаловажување. Повеќето од нас не се подготвени да бидат ранливи поради тоа, но луѓето кои плачат сепак ризикуваат.

Па, кој вели дека плачот е слабост?

  1. Тие комуницираат подобро

Низ солзите нудиме јасна слика за нашето срце. Луѓето кои плачат често го користат овој начин да се изразат. Тоа само ја подобрува нивната способност да комуницираат на други начини.

 

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Тоа што прво ќе го видите на сликата открива многу за вашиот карактер (фото)

Angela

Како да си ја зголемите желбата за секс?

Angela

Какви љубовни благослови очекува секој хороскопски знак

Angela