Јапонскиот цар Нарухито денеска официјално ќе ги отвори Параолимписките игрите, но поради мерките против коронавирусот повеќето од 68.000 места на стадионот ќе бидат празни. На годинашните Игри ќе учествуваат 4.400 спортисти од 162 тимови, меѓу кои и еден што претставува бегалци. Спортистите ќе се натпреваруваат во 22 спортови, а за прв пат се појавуваат бадминтон и теквондо. Игрите ќе траат до 5 септември и се одржуваат во позадина на напливот на случаи на ковид-19 во Токио. Случаите таму се зголемија за четири или пет пати од отворањето на Олимпијадата пред еден месец.
Параолимписките спортисти ќе ги следат истите правила како и олимписките спортисти, вклучувајќи секојдневно тестирање, задолжително носење маски и ограничувања на нивното движење. Речиси сите настани ќе се одржат без гледачи. Шефот на Меѓународниот параолимписки комитет Ендрју Парсонс на 23 август рече дека забраната за гледачите е „вистинска одлука“. „Мојата порака е вклучете го телевизорот и уживајте во што е можно повеќе параолимписки игри“, рече тој.