Ефектот наречен Лионел Меси допрва ќе се почувствува во американската МЛС-лига, а особено во неговиот нов клуб, Интер Мајами. Впрочем, ефектот веќе се почувствувал на клупскиот профил на Инстаграм.
До пред доаѓањето на Меси, Интер Мајами имал скромни еден милион следбеници или попрецизно 1.060.000. Откако беше вчера соопштен трансферот, за неполни 24 часа таа бројка пораснала за четири и пол пати!
Интер Мајами во моментов на пишување на овој текст има 4,7 милиони следбеници и бројката продолжува да расте.
Самиот Лионел Меси го следат 469 милиони луѓе, па нема да биде чудно ако и тој добие нови, американски следбеници. Лионел Меси и Кристијано Роналдо ги имаат двата најследени профили на Инстаграм во светот, со тоа што Португалецот е далеку напред, со 588 милиони следбеници. Повеќе има само официјалниот профил на Инстаграм (642 милиона).
View this post on Instagram