EXCLUSIVE MK
Наука - новости ТЕХНОЛОГИЈА

Откриена досега најоддалечената ѕвезда

Вселенскиот телескоп Хабл ја откри светлината на ѕвезда што постоела во првите милијарда години по Големата експлозија, што е нов рекорд, објавија астрономите.

Новооткриената ѕвезда, наречена Еарендел, толку е далеку, што на нејзината светлина ѝ требаа 12,9 милијарди години за да стигне до Земјата од времето кога Вселената беше седум проценти од нејзината сегашна старост.
– На почетокот речиси да не верувавме, беше многу подалеку од претходно најоддалечената, изјави астрономот Брајан Велч.

Претходниот рекорд беше во 2018 година, кога универзумот бил стар четири милијарди години.

Како што се шири универзумот, во моментот кога светлината на далечните ѕвезди ќе стигне до нас, таа се протега до подолги, поцрвени бранови должини, феномен наречен „црвено поместување“. Светлината на Еарендел доаѓа од ерата наречена црвено поместување 6,2., а Велч тврди дека обично на овие растојанија, цели галаксии изгледаат како мали дамки, а светлината на милион ѕвезди се спојува.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Pininfarina го презентираше дизајнот за Foxconn Model E

Angela

Почина пронаоѓачот кој го популаризираше домашниот компјутер и го измисли џепниот калкулатор

Angela

Колку изнесува казната за непоседување зимска опрема во возилото?

Angela