Милијардерот и сопственик на „Amazon“, Џеф Безос, и неговата девојка Лорен Санчез биле фотографирани на неговата нова суперјахта вредна половина милијарда долари.
Парот бил снимен на шпанскиот брег во понеделникот, а ги фатиле во моменти на опуштање на палубата на јахтата, облечени во костими за капење.
Ова се први фотографии од Безос на неговата нова 70 метри висока и 127 метри долга јахта наречена „Koru“. Станува збор за највисоката јахта на светот, која на себе има и хелиодром, како и базен и поседува капацитет за 18 гости.
Јахтата изобилува со луксузни нешта, па дури и автомобил, скутер, глисер, а наводно има и подморница. Јахтата може да прими 18 гости и екипаж од дури 40 луѓе.
Јахтата предизвика бројни контроверзии
Освен што вреди половина милијарда долари, за годишно одржување и погон на ова луксузно пловило Безос мора да издвојува околу 25 милиони долари, но со оглед на тоа дека е „тежок“ околу 181 милијарда долари, тоа веројатно нема да му претставува проблем.
Со оваа јахта се врзува и една контроверзија – имено, бродот иницијално се градеше во Ротердам, каде настана проблем бидејќи бил превисок и поради него за малку ќе беше деконструиран историскиот мост Конингсхавен. „Koru“ има јарболи кои достигнуваат до 39 метри и за да помине низ каналот, ќе мораше да се деконструира историскиот мост, а граѓаните на Ротердам се заканија дека ќе го гаѓаат бродот со расипани јајца доколку се случи тоа.
Поради тоа, беше преместен во друго бродоградилиште во градот, при што биле отстранети неговите јарболи во текот на преместувањето. Бродот бил успешно довршен, и како што може да се забележи, Безос веќе ужива во него.