EXCLUSIVE MK
ВЕСТИ Македонија НАСЛОВНА

Пациентот со трансплантирано срце пред два дена закрепнува по операцијата

Пациентот кому завчера му беше пресадено срце се чувствува добро и закрепнува по успешно изведената трансплантација.

– Сашо се чувствува добро по извршената трансплантација на срце. Тој е контактибилен и се опоравува. Од голема важност е постоперативниот период. Му посакувам многу здравје и што побрзо да се врати на вообичаените животни навики, објави министерот за здравство Венко Филипче утрово на Фејсбук.

Ова беше шеста трансплантација на срце во земјава од мај минатата година. Донор на срцето е млада пациентка кај која во вторникот на КАРИЛ и била дијагностицирана мозочна смрт, а нејзиното семејство одлучило да ги донираат нејзините органи.

Филипче пред два дена објави дека млада пациентка се подготвува да прими бубрег од донорот и дека ќе бидат експлантирани и коскени ткива.

– Голема благодарност до семејството за нивниот хуман гест. Да се мисли да се спаси туѓ живот во моменти кога се губи животот на најблискиот е храброст и човечност кои немаат цена, напиша Филипче.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Еве што треба да правите на вториот ден Велигден за да бидете среќни цела година, внимавајте со кого го поминувате денот!

Angela

Кралско испраќање за Кире Лазаров

Angela

НИ ДОАЃА ГОЛЕМ ПРАЗНИК УТРЕ – за оваа вода се верува дека е лековита, помолете се на овој светец и сите желби ќе ви станат реалност!

Angela