EXCLUSIVE MK
Свет

Паѓаат приходите на „Твитер“, Маск најави дека бара наследник

Според пишувањето на „Wall Street Journal“ приходните на „Твитер“ во декември 2022 година опаднале за 40% во однос на истиот месец во 2021 година.

Оваа појава се објаснува со наводното ограничување на буџетите од страна на досегашните партнери, на кои ова им е првата реакција по менувањето на сопственоста на компанијата, што од октомври минатата година е во рацете на милијардерот Илон Маск.

Наспроти ова, компанијата „Тесла“ која што исто така е во сопственост на Маск, објави дека приходите на компанијата за 2023 година изнесуваат рекордни 24,32 милијарди долари, а дека цената на акциите е зголемена за околу 64 отсто, што значи надминување на очекувањата за самата фирма. Оваа вест доаѓа откако во декември 2022 година беше посочен пад на акциите од 39,6% кога имаше реакции околу потезите на Маск за преземањето на „Твитер“, поради што наводно продал акции од „Тесла“ во вредност од 39 милијарди долари. Но, испораките на „Тесла“ возила на огромниот пазар во Кина во јануари скокна за 18,4 отсто во споредба со декември, што се покажало како еден од двигателите за повторниот раст на акциите.

Иако ситуацијата навестува стабилизација, истражувањето на „Стандард медиа“ вели дека приходите на „Твитер“ се опаднати за 71%. Кон крајот на претходната година, Маск направи анекта меѓу своите следбеници за тоа дали некој друг треба да го преземе раководењето со компанијата, по што над 57% од 17,5 милиони луѓе гласале за таквата опција. Говорејќи за „Bloomberg“, Маск посочи дека кон крајот на 2023 би требало да е добар термин да го препушти „Твитер“, кој до тогаш треба да биде стабилен.

 

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Од денеска во Србија достапна трета доза вакцина против Ковид-19

Angela

СЗО: Расте бројот на заразени со ковид-19 во Европа

Angela

Хаваи: Се урна хеликоптер со шест патници, двајца во критична состојба

Angela