EXCLUSIVE MK
ЗАБАВА Занимливости

„Песните од Тоше ми се во срце“: Кинезот Чонг ја посети Македонија и испеа неколку песни во чест на Проески

Сонот на Ванг Сиао Чонг да ја посети Македонија, Скопје и родното место на Тоше Проески Крушево стана реалност. За Македонија прв пат слушнал од своите пријатели Македонци кои ги има многу како што вели тој во Пекинг. Сепак музиката на Тоше Проески е главната причина за да ја посети Македонија, објави Телма.

Првата песна која ја слушнав од Тоше беше „Чија си“, српската верзија. Имам слушнато многу српски песни, но таа од Тоше ми остана при срце. Си реков како може едно човек да има толку ангелски глас. Исто така и стиховите кои ме допреа, можев да го почувствувам тоа и од тој миг почнав да ги слушам песните на Тоше и тоа трае веќе седум години, вели Ванг Сиао Чонг.

Вели дека за дијалог меѓу различните култури е најважно да ги гледате нештата со своето срце, музиката е таа која не познава граници без оглед дали го познавате јазикот на кој се изведува.

„Се уште сонувам дека сме заедно“, македонската верзија на „Игри без граници“ и „Цреша“, дефинитивно „Цреша“ и „Чија си“. Овие четири се најдобрите, ги сакам, вели момчето од Кина.

Во моментов Ванг Сиао Чонг е во Крушево каде со фановите на Тоше од цел регион го посетија гробот на Тоше на Гумење и неговата спомен куќа, се фотографираа и пред Македониумот.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Интересни факти за Токио

Angela

Како да познаете дека лажe?

Angela

Починала најстарата жена на светот – живеела 124. години

Angela