EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Свет

Петмина загинати на аеродромот во Кабул

Петмина луѓе загинаа денеска во хаосот на аеродромот во Кабул, каде што американската војска продолжува со евакуацијата на вработените во амбасадата во САД, ден откако талибанците влегоа во градот и прогласија крај на војната во Авганистан.

Нејасно е како починале жртвите. Американски официјални лица потврдија дека војската денеска пукала во воздух со цел да спречи Авганистанци да влезат во воен авион, кој требало да превезе американски дипломати. Еден очевидец изјави дека не е познато дали загинатите биле застрелани или биле прегазени во стампедо.

Во Кабул настанаа паника и хаос набргу откако талибанците вчера го окружија градот, а потоа и го освоија без борба. Илјадници жители синоќа се упатија кон аеродромот, обидувајќи се да фатат некој од последните комерцијални летови од земјата. Тие денеска главно се суспендирани, откако американската војска ја презеде контролата врз аеродромот и воздушниот сообраќај. Улиците на Кабул денеска се празни и пусти.
Животот, имотот и честа на сите ќе бидат заштитени од муџахедините“, изјави портпаролот на талибанците, Сухаил Шаин.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Фото: Ирина Шајк уште еднаш покажа зошто ја нарекуваат најсекси жена на светот

Angela

Привремено запрено уривањето на куќата на Мерилин Монро

Angela

Роналдо објави фотографија на која е само по шорцеви на јахта – светот не можеше да не го забележи овој детаљ од половина надоле „па не морал да се слика во тој момент“

Angela