EXCLUSIVE MK
Љубов и интима ЗАБАВА

Пет мисли кои на мажите им поминуваат низ глава кога ќе видат гола жена

Голото женско тело има хипнотизирачка моќ над мажите. Кога жената ќе се соблече пред него, тој заборава на сè и само сака да им се препушти на страстите. А, што всушност им поминува низ глава на мажите кога ќе видат гола жена?

Кога жена ќе се соблече пред маж, без оглед на тоа колкупати веќе ја видел таа сцена, тој полудува. Се забрзува отчукувањето на срцето, крвта се собира во препоните, му се ‘врти’ во главата… Не сака да остави впечаток како никогаш порано да не видел гола жена, поради што се труди да остане смирен.

„Обиди се да издржиш“

Мажите постигнуваат оргазам побрзо од жените, што не значи само дека мораат дополнително да се потрудат, туку и да го одложат сопственото задоволство, на задоволство на жената.

„Само кога би знаел што сака да направам“

Не се плашете барем малку да ги насочите. Нивната работа е многу полесна кога им давате повратна информација. Шепнете им ги на уво вашите желби, ставете ги нивните раце таму каде што сакате да бидат, преземете ја контролата и покажете им што ве возбудувa.

„Баш сум среќник“

Мажите едноставно се чувствуваат благодарно кога ќе видат гола жена.

„Зошто таа воопшто би се чувствувала несигурно?“

И мажите имаат свои несигурности, но и понатаму тешко ги разбираат женските ‘кочници’ кога тие се толку магепсани од женското тело. Ако жената ги покрива градите со рацете, се покрива со прекривката и не може целосно да се опушти, правиот маж ќе направи сè за таа да се чувствува добро. Тие несигурности на мажите всушност не им пречат, но многу им е подраго кога жената гордо ја покажува својата убавина.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Kомпромиси кои никогаш не треба да ги правите во врската

Angela

Се за неверството и неговите фази – дали нешто препознавате кај партнерот?

Angela

Позата 69 е минато, секс позата 77 е новиот предизвик

Angela