EXCLUSIVE MK
Исхрана

Пет намирници кои ја подобруваат работата на мозокот и ја зголемуваат концентрацијата

Со години наназад научниците се обидуваат да идентификуваат храна која најмногу му одговора на човечкиот организам, притоа обидувајќи се да ги измерат позитивните или негативните ефекти од неа.

Како и другите органи, и човечкиот мозок има потреба од соодветно „гориво“, при што според најновите научни истражувања издвоени се пет намирници кои влијаат на нашата концентрација, како и на општите когнитивни акции. Микро-нутриниентите кои се содржани во овие намирници се оние кои ни овозможуваат подобрo помнење или аналитички способности.

Темно чоколадо

Одлично е за да нè разбуди и да го зголеми шеќерот во крвта, темното чоколадо го подобрува дотокот на крв во мозокот, го намалува стресот и добро делува на среќата. Тоа е поради серотонинот кој го подобрува расположението и ја намалува анксиозноста. Многу од студентите знаат колку е добро ова чоколадо, па го јадат пред испит.

Ореви

Јаткастите плодови содржат најкорисни елементи во трагите за нашиот мозок, здрави масти. Исхраната богата со мононезаситени масни киселини позитивно влијае на учењето и помнењето. Важно е да не претерувате со внесувањето ореви во организмот затоа што тоа може да предизвика контра ефект. Дневната дозволена доза е околу 13 грама.

Боровница

Најдоброто овошје за помнење. Го поттикнува обновувањето на нервните клетки, содржи манган, витамини А, Б, Ц и К, а најдобро е да ја консумирате свежа, но може и во сокови, смути, овошни салати. Таа е ужина за мозокот и го јакне имунитетот.

Лосос

Оваа риба е корисна затоа што содржи омега три масни киселини. Елементите во лососот овозможуваат невроните да работат уште поефикасно.

Брокула

Исклучително хранлив зеленчук којшто има малку калории и маснотии. Брокулата содржи витамин К којшто е важен за когнитивните способности, холин кој го поттикнува развојот на помнењето, фолна киселина и натриум. Консумирањето брокула има позитивен ефект на мозочниот систем, имунолошкиот систем, кардиоваскуларниот систем и системот за варење. Исто така брокулата е одлична за борбата против воспалителни процеси во организмот.

 

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Со какво мени до долговечност?

Angela

Чајот од цимет и мед е идеален напиток пред спиење за забрзување на метаболизмот

Angela

Десерт на денот: Сладолед од лешник кој лесно се прави дома

Angela