EXCLUSIVE MK
Македонија

Пет пожари денеска во Крива Паланка

Територијалната противпожарна единица од Крива Паланка денеска интервенирала на пет пожари, од нив три на отворено, два на објекти.

Пожарникарите сѐ уште се на терен за интервенција на последната дојава примена околу деветнаесет часот, за запалена куќа во населба Маневци.

– Три пожари на отворено денеска се случија на подрачјето на нашата општина, од кои три на отворено. Опожарена е шума, а имавме интервенција и на запалена плевна и сега опожарена е куќа во населба Маневци. Дополнително испративме екипи за помош и во Куманово, информира командирот на територијалната противпожарна единица од Крива Паланка, Иле Коцевски.

Дел од пожарите на отворено сѐ уште се активни, а повеќе информации најави за утре.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

50 ДЕНА ПО ВЕЛИГДЕН Е ДУХОВДЕН – во недела е голем празник, различно од Задушница, овие работи никако не смеете да ги направите!

Angela

Казнети повеќе возачи поради затемнети стакла – кога е дозволено да имате вакви стакла

Angela

Повторно високи температури, сончево и многу топло

Angela