EXCLUSIVE MK
Астрологија ЗАБАВА НАСЛОВНА

Пет хороскопски знаци кои важат за најголеми заводници

Според положбата на планетите, астролозите можат да откријат дали сте срамежливи, дали преземате иницијатива во врската, а меѓу останатото и дали сте добри во флертување.

Така што, ако сакате да флертувате и сте успешни во тоа, можеби припаѓате на еден од овие знаци, кои важат за најголеми заводници.

Близнаци

Освен што се духовити и друштвени, Близнаците сакаат да флертуваат со личност која ги привлекува, не со секого. Најлесно освојуваат со нивниот посебен хумор, но поседуваат и знаат доста трикови и потези со кои ја шармираат саканата личност.

Вага

Благодарение на Венера, нивната планета, Вагите сакаат флерт и предигра. Познати по нивната потреба за рамнотежа, но и по способноста работите да ги направат романтични, ретко некој останува имун на нивниот шарм.

Доста се привлечни, убави и постојано флертуваат но на природен начин, понекогаш и без да го сфатат тоа.

Риби

Изгледаат срамежливо, но флертуваат вешто. Кога ќе се одлучат да заведат некого, нивните зборови и постапки не е оставаат простор некој да ги одбие.

Лав

Сакаат секогаш вниманието да е на нив, интензивно флертуваат и се осмелуваат да ги натераат другите да обрнат внимание на нив. Знаат како да направат некој да се чувствува пријатно со нив. Делуваат како магнет.

Скорпија

Скорпиите флертуваат безобразно интензивно, на мистериозен и секси начин. Се движат со голема самодоверба и сакаат добро да го запознаат оној кој ги привлекува. Интересот на другите го задржуваат со поставување на длабоки и интересни прашања. Исто како и Близнаците, сакаат да флертуваат со некој кој ги привлекува, не со кој било.

Извор: Курир.мк

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

СЛЕДУВААТ ЧЕТИРИ НЕРАБОТНИ ДЕНОВИ – следен петок уште три, до крајот на годината уште „еден тон“ споени викенди!

Angela

Верувале или не: Летечките автомобили се „минато“- ова чудо се очекува во 2023 година

Angela

Неуромедика доби две награди на Balkan Medical Awards 2022

Angela