EXCLUSIVE MK
ЗДРАВЈЕ Фитнес

Пешачењето како здрав начин до тело во форма

Пешачењето е одличен и многу погоден начин за одржување на физичката активност. Експертските анализи покажуваат дека просечниот човек на секој изоден километар троши околу 70 калории, што е речиси исто доколку трчате.

Најубаво е просечно да пешачите околу 30 минути дневно, 5 пати во неделата, притоа поминувајќи 3-4 километри. Редовното пешачење  може да ви помогне да ги намалите мастите во телото или пак да си ја одржите телесната тежина, но исто така го намалува ризикот за развој на болести на срцето, остеопороза, некои видови рак или дијабетис од типот 2.

Придобивките од редовното пешачење се рефлектираат на вашето расположение, го намалувате стресот и ја подобрувате моториката на вашето тело. Се разбира, доколку ви е важно да ја намалите вашата телесна тежина, треба да внимавате на исхраната и да пиете поголеми количини вода.

Еве неколку совети како да пешачите, а тоа да не ви го наруши текот на испланираниот ден:

  • Симнете се од автобусот неколку станици пред замислената дестинација
  • Паркирајте го вашето возило подалеку од маркетот или шопинг центарот
  • Пешачете до вашето работно место
  • Наместо да нарачате храна, тргнете пешки кон ресторанот
  • Наместо да го чекате лифтот, качете се по скалите
  • Прошетајте го кучето (доколку го имате)

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Помалку познати работи за храната што ја јадеме

Angela

Ги буди сите сетила: Неодоливо топло чоколадо

Angela

Што не знаеме за третата доза, а би требало да знаеме

Angela