EXCLUSIVE MK
ЗАБАВА НАСЛОВНА Светот на познатите Шоу биз

Пике ја официјализираше врската со Клара Чиа Марти

Долгогодишниот стопер на Барселона, но и на шпанската селекција од 2010 година која стана светски шампион на Мундијалот во Јужна Африка, Жерар Пике, конечно проговори за врската со девојката поради која се разведе од Шакира.

Во интервју за весникот „Pais“, Пике рече дека е среќен и дека не му е гајле за критиките од јавноста.

– Дојде до бројни промени во мојот живот и успеав да ја одржам својата среќа. Еден ден, кога ќе се осврнам наназад, се надевам дека ќе видам дека секогаш сум го правел тоа што сум го сакал, – вели Жерар, кој во меѓувреме стави и крај на кариерата.

Според сторијата, тој живее со својата нова девојка, Клара Чиа Марти. Кога ја објави првата заедничка фотографија со својата нова девојка, тоа предизвика бројни негативни коментари од неговите следбеници, затоа што со неа ја изневери Шакира.

Неговиот имиџ на лош сопруг и татко е нешто што Пике смета дека му е наметнато. Тој во своја одбрана вели дека „заедно со Шакира го прават тоа што мислат дека е најдобро за нивните деца“.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Gerard Piqué (@3gerardpique)

 

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Која е најчестата причина за расправија во врска?

Angela

УТРЕ Е ЛЕТЕН СВЕТИ НИКОЛА – помолете се на големиот светец, а оваа грешка не смеете да ја направите!

Angela

ТРАГЕДИЈА ВО СЕМЕЈСТВОТО НА ПОЗНАТИОТ БОСАНСКИ ПЕЈАЧ – неговиот син почина на прагот пред да стане татко! (ФОТО)

Angela