Без разлика дали го правите за викенд или преку работна недела, ова јадење ќе го воодушеви секој што ќе го проба
Состојки:
- 500 г пилешко филе
- 1 кесичка крем-супа од печурки
- 200 мл павлака за готвење
- малку сол
- кашкавал (по желба)
Приготвување:
Исечкајте го пилешкото филе на тенки шницли (не треба да ги чукате со чекан). Во подлабок сад ставете ја содржината од крем-супата од печурки, па во неа извалајте ја секоја шницла. Редете ги во подмачкан огноотпорен сад.
Прелејте ги шницлите со неутрална павлака и посолете ги по вкус. По желба, изрендајте малку кашкавал. Печете ги во рерна заеграна на 200 степени околу половина час, па намалете ја температурата и оставете ги да се допечат уште 15 минути.
Совет: Послужете го месото со варен зеленчук и салата.