Ако сакате пилешко, тогаш подгответе го во кремаст сос со моркови.
СОСТОЈКИ:
- 600 гр пилешко филе
- 600 гр моркови
- 1 кромид
- 2 чешниња лук
- околу 700 мл бујон
- 1 ловоров лист
- магдонос
- 2-3 лажици маслиново масло
- 250 мл павлака за готвење
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
- Месото исечкајте го на ленти или коцки, па посолете и побиберете. Пропржете кратко, па извадете го од тавата. Во истото тавче додадете исечкан кромид и лук, а кога малку ќе се испржи додадете го морковот исечкан на кругови. Налијте бујон и зачини. Гответе додека морковите не омекнат, а потоа додадете ја павлаката за готвење. Промешајте и вратете го месото. По потреба зачинете уште малку и гответе уште 10 минути.
Добар апетит!
Деталите за подготовка погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Шерпица“: