EXCLUSIVE MK
Македонија НАСЛОВНА

Пламените јазици од Пехчево се шират во правец на Бугарија

Пожарот кај Пехчево се наближува до границата со Бугарија, јавува бугарската агенција БГНЕС. Како што се наведува оганот е на два километри од границата, а чадот се чувствувал до бугарските градови Благоевград, Симитли и дури до Сандански. Од општината Симитли, како што јавува агенцијата, излегле со соопштение до жителите на високопланинските села да бидат внимателни и да се обидат да се симнат во градот.

Во меѓувреме бугарскиот службен премиер Стефан Јанев на сослушувањето во парламентот рече дека ако состојбата со пожарите продолжува да се влошува во Бугарија ќе побараат помош со авиони од други земји. Тој прецизираше дека во моментов државата ума само еден хеликоптер за гаснење пожари.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Денеска сончево и топло но, ни доаѓа повторно големо разочарување – еве од кога

Angela

По 130 години: Принцот Хари е првиот член на кралското семејство кој ќе сведочи на суд

Angela

Сведок на трагедијата: Во автобусот имало туби со нафта- огнот започнал од предниот дел на автобусот

Angela