Плогинг е џогинг, вообичеено рекреативно трчање со една дополнителнаактивност (во наши услови прилично несекојдневна) – собирање отпадоци во ќеси кои трчачот ги носи со себе.
Ова е шведски изум кој потоа се рашири низ светот, а е комбинација од термините „џогинг“ и шведскиот збор „plocka upp“, што значи да собереш, кренеш…
Плогерите трчаат или одат, односно го практикуваат вообичаениот ритам и повремено се наведнуваат за да го соберат ѓубрето што го гледаат пред себе.
Во Шведска има луѓе кои тоа го правеле самоницијативно, без да знаат дека за таа активност постои и име.
Од еколошки аспект, одличен начин за да се спои омилената активност со нешто корисно и тоа за општо добро. Од спортски аспект пак, трчањето или брзото одење со по некое наведнување, придонесува за дополнително согорување калории, помага при флексибилноста на телото, како и при чувството за рамнотежа.
Мишел е една од оние кои уживаат во плогинг. Таа го собира ѓубрето со стапче, а потоа истото го распределува во соодветни канти за ѓубре, односно го сортира.
Плогинг е честа активност и во другите скандинавски земји, одредени делови во Индија, но не толку популарна се’ уште кај нас.
А би било одлично да биде!