Таканаречените „надворешни“ планети, оние кои се најдалеку од Сонцето , имаат одлика да се движат бавно, но притоа да предизвикуваат големи промени.
Така, на Плутон му требаат околу 250 години за да ги заврти сите 12 знаци во зодијакот, а токму во март 2023 година, ја започнува својата транзиција во Водолија, која ќе трае следните две децении.
Плутон владее со трансформацијата, но уште знаат да ја наречат и монументална метаморфоза или повторно раѓање, како и промени кои немале претходна основа. Таков е примерот од претходното владеење на Плутон со Водолија кое започнало во 1777 година, за десет години подоцна да бидеме сведоци на Француската револуција (1789-1889) и појавата на граѓанското општество по векови минати во монархија и феудални односи.
Водолијата (претставена со лик кој носи вода што ја споделува со другите) се смета за знак кој симболизира еднаквост, хуманост и грижа за околината. Уран управува со Водилијата, што укажува на научен напредок, медицински и технолошки унапредувања.
Треба да се знае дека до 19 ноември 2024 година, Плутон на два пати ќе се враќа во Јарец (од 12 јуни 2023 до 20 јануари 2024 и од 1 септември 2024 до 18 ноември 2024), кога целосно ќе завладее со Водолијата.
Астролозите велат дека оваа промена ќе биде почувствувана од секого бидејќи станува збор за голема и влијателна смена, особено што Плутон е познат по својот импакт врз широката популација на социо-политичко ниво. Плутон е „трансперсонална“ планета која за разлика од Сонцето, Месечината, Меркур, Венера и Марс, нема големо значење во дневниот живот, туку на ниво на генерации бидејќи е со долготрајно влијание.
Имајќи го сето ова предвид, треба да се додаде дека во повеќе големи земји следниов период се закажани избори, вклучувајќи ги САД, Турција, како и за европскиот парламент во 2024 година.