EXCLUSIVE MK
Македонија НАСЛОВНА

Повторно високи температури, сончево и многу топло

Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од северозападен правец.

Максималната температура ќе се движи од 31 до 41 степени. УВ индексот ќе биде 9, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Максималната температура ќе достигне до 38 степени.

Утре ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена облачност и со натпросечни температури за овој период од годината. Максималните температури во југоисточните подрачја повторно ќе надминат 40 степени. В среда ќе има изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи, а услови за локален дожд ќе има и в четврток, кога температурите ќе опаднат за неколку степени.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Дали овесните снегулки се добар сојузник на губењето килограми?

Angela

Амбер конечно му исплати милион долари на Џони Деп, еве на што актерот ќе ги потроши парите

Angela

Што бара секој знак во партнерот: Овенот независност, Скорпијата лојалност

Angela