EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Шоу биз

ПОВТОРНО ПАДНА ПОД НОЖ – Сандра Африка ги зголеми силиконите по четврти пат, овој пат со гордост објави фотографија од ГОЛИТЕ ГРАДИ

Сандра Африка по четврти пат го смени силиконот во градите. Пејачката неодамна направи уште една во низата интервенции во приватна клиника.

– Сандра вложува многу пари и време во својот физички изглед. Вежба, се негува во салоните, но и оди под нож. Така беше неодамна. Имала интервенција во клиника, каде старите силикони ги заменила со нови, подобри. Сега е задоволна од тоа како изгледа. Пејачката на своите настапи се труди се да биде поп, тонирана е и ги истакнува градите и задникот. Штом забележи дека градите веќе не и се цврсти како што сака, таа оди под нож. Се мора да биде цакум-пакум – вели изворот за Курир.рс. Пејачката не крие дека е поддржувач на хируршки интервенции, а по третата операција јавно проговори за тоа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sandra Afrika (@sandraafrika)

А, сега таа по најновиот зафат ги овековечи новите гради со селфи во огледало.

– Ги зголемив градите, ништо страшно, трет пат, сега сум целосно задоволна. Телото не можеше да ја прифати оваа големина ниту првиот, ниту вториот пат. Работев со години за да бидам 100% задоволна. Веќе не сум толку слаба, телото ми се менува, сега моите мали гради бараа да бидат поголеми, стојам на тоа ова – изјавила Африка пред две години, но очигледно се предомислила и повторно отишла под нож.

 

Африка пред да зачекори на сцената ги зголеми градите кои за прв пат ги промени во 2015 година. Седум години подоцна следеше уште една операција. Својата музичка кариера ја започна како придружна танчерка на фолк пејачот Миле Китиќ и често во медиумите велеше дека силиконите не се единственото нешто што го променила кај себе.

– Јас сум за пластична хирургија, но во нормални граници. Поентата на процедурата е да се средиме и да бидеме поубави, да не бидеме погрди и да се обезличуваме – изјавила во една прилика и објаснила како тоа изгледа во нејзиниот случај: – Во ред ми се мали корекции. Имам зголемување на градите, имам хијалуронска во усните и направив ботокс. Најмногу тренирам и се грижам за исхраната – објаснила таа еднаш.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Се бара начин да им се дозволи на граѓаните со истечени лични карти да можат да гласаат

Angela

Познатата тенисерка ги разнежни фановите: Серена Вилијамс ѝ соопштила на ќерката дека е бремена, нејзината реакција е преслатка!

Angela

ДЕНЕСКА Е СПАСОВДЕН: Ова се обичаите за овој голем празник

Angela