EXCLUSIVE MK
Свет

Пожари во Турција, сè уште се евакуираат туристи

Пожарникарите во Турција се уште се борат со пожарите, кои се уште беснеат во одморалиштата во Манавгат и Мармарис, а некои туристи се евакуирани од Бодрум, на егејскиот брег.

Турскиот министер за шумарство Бекир Пакдемирли вели дека иако повеќето од десетиците пожари што избувнаа во Турција се ставени под контрола, пожарот се уште гори во Манавгат на југ и Мармарис на запад, под влијание на високите температури на воздухот, пренесе Ројтерс.

Во популарното одморалиште Бодрум, група туристи и персонал на хотелот беа евакуирани со брод, бидејќи пламенот се ширеше, а облаците чад го исполнија небото.

Според Пакдемирли, до неделата наутро пожарот во таа област бил локализиран.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Кина го произведе најголемиот четириножен робот

Angela

Еден загинат и девет повредени во земјотресот на Крит

Angela

Запленети околу 600 грама хероин во Кичевско

Angela