EXCLUSIVE MK
Македонија НАСЛОВНА

Пожарот во Кочани ги зафати првите куќи, ситуацијата е страшна!

Ситуацијата со пожарот во Кочани е критична, зафатени се неколку куќи, пожарот навлегува накај градот, вели директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов. Тој вели дека на терен покрај пожарните бригади се и екипи на Дирекцијата за заштита и спасување, а испратени се и војници од Армијата.

„Пожарот во Кочани избувнал попладнево, а ветрот е причина за неговото брзо ширење. Гори сува шума”, вели Ангелов.

15 пожарникари со три возила од скопската Пожарна се упатуваат кон Кочани

Пожар има и во Старо Нагоричани, Македонски брод и Валандово. И таму пожарите не се ставени под контрола поради ветерот кој цел ден дува и високите температура. Пожарите денеска се гаселе само со еден хеликоптер на Армијата, бидејќи трите авиони на Дирекцијата за заштита и спасување не се сервисирани.

Директорот на дирекцијата за заштита и спасување Беким Максути кажа дека дополнителна пожарникарска единица тргнала за Кочани и треба за еден час таму да стигне.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Принцот Хари може да биде протеран од САД

Angela

Ѕвездите се на ваша страна, дневен хороскоп (03.08.2021)

Angela

Се шири листата на острови во Грција на кои им се закануваат мерки против Ковид

Angela