EXCLUSIVE MK
Црна хроника

Пожар во зграда во Аеродром, експлодирале две плински боци

Во подрумски простории во зграда на улицата „23 Октомври“ во скопската населба Аеродром, денеска избувна пожар, по што експлодирале и две плински боци, според протипожарната единица на Скопје.

Командирот на тимот на Територијалната противпожарна единица Среќко Чимевски изјави дека откако настанал пожарот граѓаните пријавиле силна експлозија, пренесе МИА.

Потоа утврдено било дека станува збор за експлозија од плинските боци.

Според очевидци, пожарот настанал или од заварување или од дотраена инсталација.

Пожарот е локализиран во првата фаза и во моментов се проверува дали е целосно изгаснат.

На терен интервенирале две противпожарни единици и десет пожарникари.

Слична ситуција со експлозии кои наликувале на плински боци се случи на почетокот на август кога пожар избувна во ресторанот „Рагуза“, сместен на покривот на катната гаража „26 Јули“ во центарот на Скопје.

Во ресторанот имаше свадба кога избувнал пожарот.

Очевидци твредеа дека се слушнале и неколку експлозии кои наликувале на експлозии од плински боци.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Извршен претрес во Неготино: Приведени две лица, пронајдена дрога

Angela

18-годишна девојка загина во сообраќајка на автопатот Скопје – Куманово

Angela

Царината на граничниот премин Табановце запленила 1.000 антиген тестови за Ковид-19

Angela