EXCLUSIVE MK
Занимливости

ПОЖОЛТЕНИТЕ ШТЕКЕРИ ЌЕ СТАНАТ МИНАТО На овој начин лесно ќе ја вратите блескаво белата боја на пластиката

Ако ве нервираат пожолтените прозорски рамки, штекерите кои веќе не се бели или далечинските управувачи кои ја промениле бојата од стоење, не грижете се

Во домот има голем број на предмети кои се направени од пластика, а оние кои се бели често многу брзо добиваат грда жолтеникава нијанса. Ако ве нервираат пожолтените рамки на прозорците, штекерите кои веќе не се бели или далечинските управувачи кои ја промениле бојата од стоење, не грижете се.

Со помош на едноставен трик, сите тие бели, пластични парчиња мебел повторно ќе бидат чисти, сјајни и бели, пишува „Love To Know“.

Прво подгответе:

сад кој ќе го наполните со вода

сода бикарбона

мека крпа со која средството ќе го триете на пластичната површина

суви крпи

гумени ракавици за заштита на кожата

Средството со кое можете да се обидете за да ги отстраните грдите дамки е сода бикарбоната.

Натопете го едниот крај од крпата во вода, а потоа во сода бикарбона и со лесни кружни движења истријте ја површината на која сакате да и го вратите стариот сјај. После минута или две триење, треба да видите резултати.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Починала најстарата жена на светот – живеела 124. години

Angela

„Песните од Тоше ми се во срце“: Кинезот Чонг ја посети Македонија и испеа неколку песни во чест на Проески

Angela

Изборот на домашно милениче открива каков човек сте

Angela