EXCLUSIVE MK
Мобилни телефони

Познавачите предвидуваат: Паметните телефони ќе исчезнат за 10 години

За само 10 години, како што предвидуваат стручни лица, паметните телефони ќе бидат целосно исфрлени од употреба и најверојатно ќе бидат заменети со други технологии.

Како што пишува БГНЕС, мобилниот уред денес е потребен, речиси, само за потврда на корисникот и пренос на податоци. Лицето може да се идентификува на разни начини, на пример – преку препознавање лице, глас или отпечатоци од прсти, а информациите може да се проектираат и на ѕид или стакло со помош на ИОТ-сензори (ИОТ – „Интернет на нештата“).

Затоа, сметаат познавачите, телефонот е застарена потреба. За 10 години ќе исчезне и ќе биде заменет со нас, луѓето. И бабата, на пр., која е изгубена во градот, нема да има потреба да се јави никаде – ќе може само „да го праша ѕидот“ – Како можам да стигнам дома? И „ѕидот“ ќе ѝ го покаже патот, со стрелки.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Тајни, но корисни опции кои ги има секој телефон

Angela

Гугл отстранува апликации од Play Store кои краделе лозинки од профили на Фејсбук

nenad

Твитер се согласил да му достави на Маск податоци за лажни профили

Angela