EXCLUSIVE MK
НАСЛОВНА Останато

Познатата тенисерка ги разнежни фановите: Серена Вилијамс ѝ соопштила на ќерката дека е бремена, нејзината реакција е преслатка!

Поранешната американска тенисерка Серена Вилијамс на почетоков на мај, на „Мет галата“ открила дека е бремена по вторпат, па сега покажа и како реагирала ќерка ѝ Олимпија кога дознала дека ќе има брат или сестра.

„Се трудев да не го сфаќам ова лично, бидејќи отсекогаш сум била посветена на тренинзите, но сепак се прашував дали навистина сум се здебелила“, вели Вилијамс на почетокот на видеото.

Во следниот кадар тенисерката, седи со сопругот Алексис и девојчето во дневната соба. Славната мајка потоа ѝ се обраќа на петгодишната Олимпија: „Се сеќаваш ли кога ни побара сестра или брат? Неодамна отидовме на лекар и испадна дека сепак не сум дебела, туку имам бебе во стомакот. Ќе станеш „постара сестра“.

Девојчето прво ја прегрнала својата мајка, па почнала да вика и да трча низ собата. Во еден миг, се чини, паднала на земја. „Преживеа ли“?, ја прашал татко ѝ. Малечката кратко одговорила: „Добро сум“. Потоа продолжила со славењето, момент кој изнудил насмевка на лицата од родителите.

„Ова е преслатко. Колку е убаво да се види нејзината среќа, честитки“. „Реакцијата на Олимпија речиси ме расплака“. „Малку е да се каже дека Олимпија е возбудена! Толку трогателно и прекрасно. Многу сум среќна за тебе, Алексис и Олимпија“.

Ви благодариме што споделивте толку убав и сладок семеен момент со нас“, биле само дел од коментарите под видеото кое собрало над 60.000 прегледи.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

ДЕНЕСКА ПОРОЕН ДОЖД И ГРМЕЖИ – еве какво време не очекува во следните денови

Angela

ФОТО: Нема да ви се верува колку чини „Ролексот“ на Јована Јоксимовиќ – украсен со дијаманти и злато

Angela

Дневен хороскоп: За еден знак проблеми, за друг успех

Angela