EXCLUSIVE MK
Економија НАСЛОВНА

Познат точниот датум за локалните избори

17 ти октомври е датумот кога треба се одржат локалните избори посочи денеска премиерот Зоран Заев повикувајќи се и на Изборниот законик.

Одговарајќи на новинарски прашања Заев вели дека и покрај дилемите поради трите дена на  поклопување со пописот овој датум бил договорен со парламентарните групи и не гледа причина за промени  бидејќи како што рече тие три дена не менуваат многу.

Од опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак исто така велат дека 17 ти октомври е договорот за кој уште пред повеќе од  два месеци се договориле партиите кои ќе ги трчаат локалните избори.

И партиите од албанскиот блок пак за сега не гледаат ништо спорно во овој датум.

Во меѓувреме пак лидерите  се уште не многу отворени околу информациите за евантуалните коалиции – иако премиерот Заев денеска посочи дека најверојатно ќе има некаков вид на коалицирање со Беса и останатите коалициски партнери но поизвесно е дека тие ќе бидат во вториот круг.

Во однос пак на на прагот на поднесување на независните листи, договорено е тој да изнесува два отсто од вкупниот број на избирачи. Така на пример ако општината има 10 илјади избирачи треба 200 потписи за да се поднесе независна листа. Ако има 50 илјади избирачи треба илјада потписи да се поднесе независна листа.

Заев и денеска дообјаснувајќи се,   посочи дека сепак тој Прдлог закон ќе биде поднесен до собранието каде ќе се отвори дебата за соочување на аргументите за и против. На собранискиот информатор до крајот на месецот има најава за сите тековни активности комисии и седници, а во август вообичаено народните избраници одат на одмор.

Од кабинетот на собранискиот спикер Џафери пак иако досега неколку пати појаснуваа дека според Уставот, датумот на кој би се гласало за нови градоначалници и општински совети е 17 октомври, сепак денеска додаваат дека подетални информации ќе изнесат на брифингот со новинарите кој Џафери го закажа на 30 ти јули.

Досегашната пракса пак за пописот покажала дека се доволни 20 дена за тој да биде спроведен, но овој пат се отстапени 30 дена што не се исклучува можноста  и порано да заврши од овој предвиден рок.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Денеска сончево време, еве што не очекува утре – особено прочитајте какво време ќе имаме за Велигден!

Angela

Десет “брзи” совети за фитнес

nenad

Експерт: Платнените маски не штитат од делта сојот

Angela