EXCLUSIVE MK
Uncategorized

Познат точниот распоред, еве кога ќе започне крунисувањето на кралот Чарлс Трети

Датумот на крунисувањето на кралот Чарлс Трети е закажан за денес. Очите на јавноста во Британија се насочени кон дворецот и сите настани кои претстојат.

Чарлс Трети официјално ќе биде поставен на британскиот трон по смртта на неговата мајка, кралицата Елизабета Втора.

Сопругата на Чарлс, Камила, исто така ќе биде крунисана за кралица во Вестминстерската опатија.

Во 6 часот официјално се отворени патиштата по кои ќе минува кралската поворка.

Гостите планирано е да пристигнуваат во 7:15 часот, а во 9 часот претставниците на Римската курија, највисокиот орган на Светата столица, пристигнуваат во Вестминстерската опатија.

9:30 и 10:45 пристигнување на членовите на кралското семејство, шефови на држави и поранешни премиери.

10:20 часот Кралот и кралицата заминуваат од Бакингемската палата во Вестминстерската опатија каде што се одржува крунисувањето.

11:00 почеток на крунисувањето

13:00 крај на крунисувањето/ Кралот и кралицата се упатуваат кон Бакингемската палата, а кочиите ќе ги обезбедуваат 4.000 војници.

13:45 кралот и кралицата ќе ги поздрават присутните од западната тераса на Бакингемската палата

Во 14:15 часот членовите на кралското семејство ќе се соберат на терасата за да ги поздрават кралот и кралицата

Свечениот ручек е закажан за 7 мај, кога, според најавата од официјалната веб-страница, како главно јадење ќе се служи топол киш со крцкаво и лесно пециво и свежи вкусови на спанаќ, грав и тарагон, препорачани од кралот и кралицата. Се служи со зелена салата и варени млади компири.

МОЖЕБИ ЌЕ САКАТЕ ДА ПРОЧИТАТЕ И ЗА ...

Бои кои не се препорачуваат за ѕидот во спалната соба

Angela

Во Јапонија се отвора забавниот парк „Светот на Супер-Нинтендо“

Angela

Храна која е лоша и нездрава за бебињата

Angela